×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци купиле 13.000 кубици дрва од Шумско

    27.10.2014 11:32 | KumanovoNews

    Граѓаните на Куманово во оваа грејна сезона ќе изгорат 13.000 кубици дрва,  кои ги купиле во подружницата на Шумско стопанство Куманово.

    Кумановци купиле 13.000 кубици дрва од Шумско

    Повеќето од нив ги искористиле попустите кои важеле до крајот на септември за да се снабдат со огревно дрво.

    “Околу 80 отсто од граѓаните ја искористија можноста која ја даде Владата да се купат дрва со попуст, и тоа 15 отсто за социјалци и 10 отсто за другите граѓани. Количината на продадени дрва е слична како лани. Најголем интерес имаше за бука и за даб, бидејќи овие дрва се најдобри за затоплување“ - кажа Ваит Саити, директор на Шумско стопанство Куманово.

    Мал дел од граѓаните допрва нарачуваат дрва за претстојната грејна сезона.