×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци меѓу најдисциплирани граѓани за време на полициски час

    27.05.2020 12:34 | KumanovoNews

    Најдисциплинирани граѓани за време на вонредната состојба се жителите на Општина Куманово и Велес, кажа на денешната прес-конференција, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.


    Кумановци меѓу најдисциплирани граѓани за време на полициски час

    Во изминатиот период  одлуката на Владата за ограничување на движењето не ја почитувале вкупно 4783 граѓани, од нив 3110 граѓани се приведени од страна на полициските службеници, но и поднесени се 2632 кривични пријави од страна на МВР.  

    „Најголем дел од оваа бројка потпаѓа на територијата на главниот град Скопје и СВР Битола, а најдисциплинирани биле ѓраѓаните на општините на Велес и Куманово“, додаде министерот Чулев.

    Тој порача дека и покрај намалувањето на рестриктивните мерки насочени кон справување со пандемијата, сепак неопходно е и натаму да се задржи потребното ниво на одговорност и дисциплина и да се почитуваат мерките и одлуките на Владата кои се однесуваат на користење на задолжителна заштитна опрема, забрана за групирање и држење на дистанца.