Кумановци незаинтересирани за обука кај познат работодавач
09.08.2012 10:33
| KumanovoNews
Во Куманово нема невработени лица кои сакаат да одат на обука кај познат работодавач.
На јавниот оглас не се одзвало ниту едно лице, иако е планирано месечно да добиваат по 4.400 денари од државата.
Во Куманово интерес немаше, а причините зошто тоа е така не знаеме. Обуките ќе трајат три месеци, а половина од кандидатите ќе бидат задржани на работа за една година. Невработените ќе стекнат знаења и вештини, а работодавецот ќе добие кадар каков што му треба. Тоа не значи загарантирана работа за секој, туку ако десет луѓе се на обука, најдобрите пет ќе добијат вработување- велат од Биро за вработување Куманово.
На ниво на држава во август ќе бидат примени 400 луѓе, а во септември уште 600 невработени ќе добијат работа преку овој проект.

