Мени

Кумановци осомничени за убиство во обид и насилство

22.06.2020 13:18 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.З.(30) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “убиство во обид“, А.Г.(27) и Д.П.(26) двајцата од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “насилство“.

Кумановци осомничени за убиство во обид и насилство

Пријавените на 31.05.2020 околу 23.30 часот на ул.„Октомвриска револуција“ во Куманово во близина на угостителски објект го забележале оштетениот М.Т.(28) од Куманово и започнале расправија, по што второ и трето пријавениот физички го нападнале, а првопријавениот со нож му нанел повреди.