Кумановци се обиделе да внесат дрога во затворот во Штип
        28.11.2014 13:44
                  |               KumanovoNews                                  
	         
      Двајца кумановци се обиделе да му однесат марихуана на сограѓанин, кој одлежува казна затвор во штипскиот затвор.
                  Б.М.(26) и С.Т.(27) набавиле 1,95 грама марихуана и со селотејп ја залепиле на мобилен телефон, по што ,во март годинава, отишле да ја однесат дрогата во затворот во Штип на лице од Куманово. Полицајците ја пронашле дрогата и ги спречиле во намерата.
Против Б.М. и С.Т. се поднесени кривични пријави за овозможување на употреба на наркотични дроги.


                  
                  
                  
                  
                  
                  



