Кумановци со остар предмет нападнале две лица од Скопје и Липково
11.02.2021 13:54
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа ги лишиле од слобода А.Х.(35) и С.А.(23), двајцата од Куманово, затоа што околу 20.00 часот на ул.„Братство Единство“ во Куманово физички ги нападнале Б.Б.(35) од Скопје и Ш.Б.(29) од с.Матејче, Општина Липково.

При нападот А.Х. и С.А. користеле остар и тврд предмет и им нанеле повреди на Б.Б. и Ш.Б., констатирани во болницата во Куманово.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.