×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановци во време на коронакриза најмногу купувале земјиште и станови

    17.08.2020 07:59 | KumanovoNews

     Во Општина Куманово и за време на коронакризата, се купувале станови, куќи, земјоделски земјишта и деловни простори. Куманово е на прво место со најголем број на продадено земјоделско земјиште.

    Кумановци во време на коронакриза најмногу купувале земјиште и станови

    Според податоците на Агенцијата за катастар, во периодот од 1 април до 30 јуни биле продадени 108 недвижности.

    Од нив 32 објекти се станови, 23 куќи, 8 деловни простори, 33 земјоделски земјишта и 15 градежни парцели. За истиот период под закуп биле дадени 11 станови, 4 куќи, 23 деловни простори и 1 земјоделско земјиште.

    Направените анализи покажуваат дека Куманово во овој период е на прво место со најголем број на продадени земјоделски земјишта 33, а потоа доаѓаат и Битола и Чешиново и Облешево со 30 продадени земјоделски земјишта.

    Најмногу станови биле продадени во Општина Аеродром, најмногу куќи во општина Битола, а најмногу деловни простори во општина Центар. Додека пак најголем број на продадено градежно земјиште е забележано во Општина Сарај.

    (Ф.Марковска)