Кумановец дома криел 45 мигранти
27.05.2021 16:56
| KumanovoNews
По претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на судска наредба, денеска полициски службеници извршиле претрес во домот на С.Д.(53) од Куманово, при што биле пронајдени 45 лица – мигранти од разни држави од Блискиот исток.

С.Д. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.