Кумановец фалсификувал шасија
29.07.2015 10:50
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Р.Џ.(43) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Во март година, од страна на полициски службеници е извршена контрола над патничко возило „Ауди“ при што е утврдено дека под ветробранското стакло фалсификуван е бројот на шасијата.
Кривична пријава заработи и Б.Н.(39) од с. Лозани-битолско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Тој на својот голф по пат на механичка обработка втиснал нов број на шасијата.