Кумановец фатен на дело додека краде во Скопје
17.12.2022 12:10
| Сузана Николиќ
Полициски службеници од Карпош ноќеска во 2.50 часот лишиле од слобода 30-годишен кумановец.

Тој бил затекнат при обид да изврши кривично „тешка кражба“ во помошен објект од куќа сопственост Б.Ј. (42) од Скопје.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.