Кумановец и липковец наместо да седат во изолација излегле да прошетаат
14.07.2020 17:03
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесe кривични пријави против Ш.Џ.(32) од с.Липково и А.Ј.(33) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Пријавените, без дозвола и без оправдана причина за итност, биле затекнати надвор од своите домови и не се придржувале кон воведената мерка „забрана на движење на подрачјето на Македонија“, со цел спречување на ширење на заразната болест ковид-19 и заштита на населението.