Мени

Кумановец изготвил лажни купопродажни договори за камиони

02.10.2019 14:47 | KumanovoNews

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против С.Т.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа и продолжено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина.

Кумановец изготвил лажни купопродажни договори за камиони

Во текот на 2015, пријавениот изготвил лажни договори за купопродажба на неколку моторни возила „IVECO“ од Словенија, кои не ги исполнувале предвидените законски услови за регистрација во Р.С. Македонија, при што навел дека купопродажбите биле извршени во 2013 и 2014.

По ова, договорите ги употребил при постапки во Царинска управа, Биро за метрологија, МВР- ОУР Куманово.