Кумановец излетал со возилото од патот и загинал
20.07.2017 08:35
| KumanovoNews
Кумановец го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа на патот Велес-Градско.

Несреќата се случила вчера во 18.30 часот, кога Радислав Д. од Куманово додека управувал автомобил „опел зафира“ изгубил контрола над возилото, излегол надвор од коловозот и се превртел во канал за атмосферски води, на длабочина од 3 метри.
Kако последица на добиените повреди возачот починал на местото на настанот.
Полициско-овбинителскa екипa извршилa увид на местото на несреќата. Телото е предадено на обдукција, а возилото испратено на технички преглед.