Кумановец измамил жител на Липково, го оштетил за 400 евра
08.02.2023 14:18
| Жаклина Цветковска
Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода Т.Т.(41) од Куманово, кој се сомничи дека измамил 31-годишен жител од Липково за сума од 400 евра.

Според информациите од МВР, откако се договориле дека ќе му изгради куќа, Т.Т. ги зел парите и повеќе не се појавил.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.