Кумановец ја уценувал поранешната девојка со компромитирачки снимки откако не сакала да се омажи него
28.08.2020 12:35
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против триесет и шестгодишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “уцена“.

„Пријавениот, во временски период од 2019 до 2020 година, бил во љубовна врска со оштетената и во тој период без нејзино знаење направил снимки со компромитирачка содржина, по што во април 2020 година, откако ја одбила неговата брачна понуда, тој и се заканил дека ќе ги прати снимките на нејзините роднини и пријатели. Притоа и пратил две снимки и се заканил дека останатите јавно ќе ги објави на социјалните мрежи“, - соопштува МВР.