Kумановец кршел инвентар на бензинска пумпа
28.03.2024 21:30
| KumanovoNews
Полицијата привела кумановец затоа што синоќа на бензинска пумпа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово се однесувал агресивно.

„На 27. март во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 27-годишен жител на Куманово, затоа што на бензинска пумпа на улицата „Доне Божинов“ во Куманово се однесувал агресивно и оштетил дел од инвентарот“, соопшти МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.