Мени

Кумановец нападнат пред неговата куќа

28.04.2021 18:22 | KumanovoNews

Кумановец пријавил дека вчера околу пладне го нападнале три лица пред неговата куќа.

Кумановец нападнат пред неговата куќа

„Во 11.50 часот во СВР Куманово, А.Р. (37) од Куманово пријавил дека вчера пред неговата куќа на улицата „Анѓа Ранковиќ“ бил физички нападнат од О.Н. Н.Н и Л.Н.“, соопштуваат од СВР Куманово.  

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.