Кумановец осомничен за кражби од седум автомобили
20.01.2026 09:51
| KumanovoNews
Приведен е 26-годишен жител на Куманово, под сомнение дека извршил кражби од повеќе патнички моторни возила во градот.
„Тој се сомничи дека во изминатиот период од седум патнички моторни возила во Куманово одзел повеќе предмети. Осомничениот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.