×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец осомничен за неовластена продажба на марихуана

    20.02.2020 14:40 | KumanovoNews

    Основното јавно обвинителство Куманово донесе наредба за спроведување на истражна постапка против едно 25-годишно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

    Кумановец осомничен за неовластена продажба на марихуана

    Како што соопшти Обвинителството, осомничениот на 18 февруари во својот дом неовластено заради продажба држел наркотична дрога марихуана со вкупна нето маса од 108,66 грама спакувана во повеќе различни пакувања. При претресот биле пронајдени и една дробилка со остатоци од марихуана и една дигитална вага за мерење.

    Ценејќи ги сите околности во предметот и здравствената состојба на осомничениот, надлежниот јавен обвинител до Основниот суд Куманово достави предлог за определување мерка куќен притвор за осомниченото лице.