Кумановец осомничен за убиство во обид
12.05.2021 09:06
| KumanovoNews
Дваесетгодишен кумановец доби кривична пријава под сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид.

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Е.Ј. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“, информираат од полицијата.
„Имено на 2. мај пријавениот со остар предмет го нападнал Б.И. од Куманово, нанесувајќи му убодна рана“, соопштува МВР.