Кумановец паднал од скали и тешко се повредил
26.10.2019 09:38
| KumanovoNews
Кумановец тешко се повредил откако паднал од скали на објект во изградба. Несреќата се случила вчера во 16.50 часот на градилиште во с.Проевце.

Според МВР, вчера во 16.50 часот во СВР Куманово, од Општа болница Куманово било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Т.Б.(54) од Куманово.
Според пријавеното, тој се повредил при пад од скали на објект во изградба на место викано „Стара бања“ во с.Проевце, на кој бил сопственик. Се работи на расчистување на случајот.