Кумановец пазарел со фалсификувани банкноти од 1000 денари
05.10.2019 14:07
| KumanovoNews
Во СВР Куманово, било пријавено дека М.И.(19) од Куманово платил на две места за производи и услуги со фалсификувани банкноти од по 1000 денари.

Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот на ул.„143“ во Куманово, при што пронашле и одзеле 11 фалсификувани банкноти, 10 банкноти во апоени од 500 денари и една банкнота во апоен од 1000 денари. М.И. бил приведен и задржан во полициска станица.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.