Кумановец починал во затворот К`шање
25.11.2019 09:30
| KumanovoNews
Во една од ќелиите на затворот во Куманово, вчера починал затвореник.

Според полицијата во 08.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека во КПС - Затвор К`шање бил пронајден починат Љ.М(22) од Куманово, без траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.