Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановец се здобил со убодна рана на телото откако бил нападнат од негов сограѓанин на крстосницата од ул.„Благој Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“.
Нападот се случил синоќа околу 23 часот, а еден од учесниците во инцидентот пукал од пиштол.
„На 02.05.2021 во 23.25 часот во СВР Куманово, Е.Ј. од Куманово пријавил дека на ул.„Благој Илиев – Гуне“ имало инцидент во кој учествувал и неговиот брат Е.Ј., при што Б.И.(34) од Куманово пукал со оружје. Полициски службеници излегле на местото и по кажување на Ј.Х.(45) од Куманово, во врска со настанот, тој и Б.И. околу 23.00 часот биле на крстосницата од ул.„Благој Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“ и во тој момент им се доближило едно лице кое со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на Б.И“, соопштува МВР.
Тој бил пренесен во болницата во Куманово за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.