Кумановец повреден во тепачка во угостителски објект во Проевце
14.08.2021 19:23
| Сузана Николиќ
Едно лице се здобило со тешка телесна повреда во тепачка во угостителски објект во селото Проевце.

Инцидентот се случил ноќеска во 03.20 часот, кога во СВР Куманово било пријавено нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка во угостителски објект во атарот на с.Проевце, кумановско.
„Притоа Т.В.Д.(25) од Куманово се здобил со тешка телесна повреда, констатирана во Ургентен центар Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштува МВР.