Кумановeц приведен поради кражба во угостителски објект
12.01.2024 14:44
| KumanovoNews
Н.П.(28) од Куманово е осомничен дека на 9 јануари насилно влегол во угостителски објект на „Октомвриска револуција“ и украл пари.

Следниот ден во 15.50 часот тој е лишен од слобода од страна на полициските службеници од СВР Куманово.
„Н.П. е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава“ велат од полицијата.
Теодора Стоевска