Мени

Кумановец приведен поради пронајдена марихуана

22.10.2025 14:49 | KumanovoNews

Вчера околу 19:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.Р. (43) од Куманово.

Кумановец приведен поради пронајдена марихуана

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана, информираат од полицијата.

Лицето е приведено во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.