Мени

Кумановец прободен со нож во вратот

29.05.2015 10:33 | KumanovoNews

Кумановец е прободен со нож во вратот, по расправија со свој сограѓанин.

Кумановец прободен со нож во вратот

Инцидентот се случил синоќа околу 21,00 часот на ул.„Трета МУБ“, поточно пред кафе бар „Ретро кафе“, откако А.М.(29) и Ш.И.(40) од Куманово започнале расправија. Тогаш Ш.И. извадил нож му нанел убодна рана во пределот на вратот на А.М. Откако го повредил заминал од местото во непознат правец. А.М. е пренесен во Кумановската болница каде му е констатирана телесна повреда и задржан е на лекување. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.