Кумановец пронашол платежна картичка на сограѓанка и потрошил близу 4 илјади евра
02.11.2022 12:02
| Сузана Николиќ
Жител на Куманово пронашол платежна картичка на сограѓанка и подигнал близу 4 илјади евра.

„Полициски службеници од СВР Куманово вчера го лишиле од слобода Р.Х.(48) од Куманово. Тој се сомничи дека откако пронашол платежна картича на 40-годишна жена од Куманово од неа извршил повеќе нелегални трансакции во вредност од 229.531 денари“, соопшти МВР.
Платежната картичка била пронајдена и вратена на сопственичката. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.