Кумановец пукал со воздушна пушка во соседите
25.10.2019 16:01
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.В.(42) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 13.07.2019 на ул.„15 Мај“ во Куманово, пријавениот од својот дом со воздушна пушка испукал во правец кон куќата сопственост на С.П., при што направил оштетување на фасадата од куќата. Потоа упатил закани по животот и семејството на С.П.