Кумановец се обидел да изврши полов напад врз дете во влез на зграда
15.06.2020 14:49
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против триесет и едногодишен кумановец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Како што соопштуваат од МВР, на 08.06.2020 околу 21 часот, додека бил пред станбена зграда во Куманово каде живее, го забележал девојчето на возраст од девет години и во влезот од зградата се обидел да изврши полово дејствие, но не успеал.