Кумановец се заканувал на сограѓанка дека ќе ја запали куќата на нејзиниот брат ако не му даде 5000 евра
15.09.2022 18:33
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(36) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

„Пријавениот, во неколку наврати, на мобилен телефон испраќал СМС пораки со закани кон жена од Куманово дека ќе ја запали куќата на нејзниот брат ако не му даде 5.000 евра, кои наводно му ги должел нејзиниот брат“, соопшти МВР.