Кумановец се заканувал со нож на татка си
23.06.2020 17:55
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Д.(40) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело загрозување со опасно орудие при тепачка или караница.

Пријавениот на 29.02.2020 околу 02 часот во приземна просторија од куќа на ул.„120“ во Куманово, започнал расправија со неговиот татко И.Д.(64), по што зел кујнски нож и му се заканил, a во момент кога неговиот другар А.А. му го одзел ножот, истиот се здобил со телесна повреда на десната дланка.