Кумановец си ја киднапирал поранешната девојка
11.06.2022 10:24
| KumanovoNews
Полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.В.(35) од Куманово.

„Тој се сомничи дека завчера околу 12.00 часот со закана ја земал неговата поранешна 35-годишна девојка од Куманово од домот во кој живеела во Скопје и со возило ја однел во неговиот дом во Куманово и ја задржал спротивно на нејзина волја“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.