Кумановец со автомобилот удрил двајца пешаци- малолетник и старец
31.10.2019 17:56
| KumanovoNews
Две лица се повредени во сообраќајна негода, кога автомобил удрил во нив.

Како што соопштуваат од МВР, несреќата се случила вчера околу 12.25 часот, на булеварот „Трета МУБ“. Патничко возило „шкода“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ј.Д. (40) удрило во пешаците Љ.О.(76) и малолетник.
По незгодата пешаците биле пренесени во Кумановската болница, каде на Љ.О. му биле констатирани тешки телесни повреди, додека кај малолетникот биле констатирани телесни повреди.
СВР Куманово изврши увид на лице место.