×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец шверцувал мигранти од Куба

    27.10.2021 19:02 | Жаклина Цветковска

    Кумановец e лишен од слобода поради кријумчарење на мигранти, кои вчера биле пронајдени во возилото што го управувал, кај наплатната станица Демир Капија.

    Кумановец шверцувал мигранти од Куба

    Станува збор за Ф.А.(50) од Куманово, кој управувал патничко возило „фолксваген туран“, со кумановски регистарски ознаки.

    Од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Михајлово“ во возилото биле пронајдени седум лица - мигранти од Куба.

    Мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитниот  центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
    По целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава.