Кумановец шверцувал велосипеди и резервни делови за нив
13.09.2019 14:12
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Б.А.(61) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама.

На 27.07.2019 во атар на с.Липково, кај брана „Глажна“, полициски службеници при преглед на товарно возило, управувано од пријавениот, пронашле и одзеле велосипеди и резервни делови за нив, кои биле внесени во Македонија од Косово, без да бидат платени царинските давачки за нив.