×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановец загина на лов во Габреш

    30.10.2021 08:53 | Сузана Николиќ

     Шеесет и седумгодишен кумановец утринава е убиен додека бил на лов во кумановското село Гарбеш.  Го застрелал негов пријател со кој заминале на лов на дивеч.  Од задобиените поврди ловџијата починал на самото место.

    Кумановец загина на лов во Габреш

    Несреќата се случила утринава околу 8 часот, во шума во близина на селото Габреш.

    „Во 08.00 часот во СВР Куманово И.С. (59) од Куманово пријавил дека во село Габреш м.в. Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч.Р.(67) од село Лопате. Од страна на Брза помош е констатирано дека лицето починало, а увидот е се уште во тек“, соопшти СВР Куманово.

    Неофицијално, ловџиите утринава заедно заминале на лов, по што се разделиле.  По извесно време без да знаат се приближиле еден до друг во густиот дел шумата, по што ловџијата мислејќи дека видел дива свиња пукал во пријателот.

    Полицијата работи на расчистување на случајот.