Кумановец вршел јавен превоз без лиценца
08.01.2023 21:07
| KumanovoNews
СВР Куманово поднесе кривична пријава против 50-годишен жител на Kуманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело вршење јавен превоз без лиценца.

„Пријавениот бил затекнат како со патничко возило „пежо“ врши јавен превоз на дрвни сортименти во патниот сообраќај, без притоа да поседува лиценца за вршење на јавен превоз издадена од надлежен орган - Министерство за транспорт и врски“, соопшти МВР.
(Фото. архива)