Кумановец вршел превоз на дрва без лиценца
02.01.2020 09:12
| KumanovoNews
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Н.К.(34) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 02.11.2019 на локален пат во с.Белановце, Oпштина Липково, без регистрирана дејност и без лиценца со товарно возило „газ“, вршел јавен превоз на огревно дрво.