Кумановец загина во сообраќјка, со автомобил удрил во паркиран камион
30.08.2020 20:29
| KumanovoNews
Педесет и петгодишен кумановец загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера на патот Куманово-Крива Паланка.

Според МВР, синоќа во 18,40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка атар на с.Младо Нагоричане патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од З.Д.(55) од Куманово удрило во паркирано товарно моторно возило „ивеко-тракер“ со скопски регистарски ознаки паркирано од В.Р.(39) од Скопје.
Со повреди се здобил З.Д. кој бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје за укажување на лекарска помош, каде починал.