Кумановец затекнат додека краде, полицијата го привела
20.09.2022 12:54
| Сузана Николиќ
Кумановската полиција привела 34-годишен кумановец, кој бил затекнат при обид да одземе предмети од туѓ имот, завчера два часа по полноќ на улица „Иво Лола Рибар“ во Куманово.

„Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот и приведен е во полициската станица“, соопшти МВР.
По целосното документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.