Kумановецот кој почина од коронавирус се заразил од роднина кој дошол од Франција
Четириесет и петгодишниот кумановец кој вчера почина од коронавирусот, бил заразен од свој роднина кој дошол од странство, кажа министерот за здравство Венко Филипче, на денешната прес конференција.

Тој рече дека пациентот од Кумановската болница прво бил пренесен во болницата „8 Септември“ каде што иницијално е третиран, а откако му се влошила состојбата, па доцна синоќа е префрлен на Клиниката за инфективни болести во Скопје, каде за жал не успеала реанимацијата по пулмоналното откажување.
- Епидемиотлошки се поврзува со член од семејството кој бил на патување во странство во Франција, пред отприлика две недели. Пациентот е со бројни минати болести, шеќерна болест, болест на срцето, фибрилација, хипертензија и обезност, - изјави Филипче.
Болнички извори кажуваат дека кумановецот кај нив за првпат побарал помош завчера претпладне. Имал симптоми на кронавирус, но предходно направил тест во приватна клиника во Скопје кој бил негативен. Докторите му рекле да остане на одделенито, но тој на своја одговорност заминал дома. Попладнето му се слошило и повторно се вратил во болницата. Бил сместен на инфективното одделението и состојбата постојано му се влошувала. Како итен случај го испратиле во болницата „8 Септември“ во Скопје. Тестот што тие го направиле покажал дека е позитивен на коронавирус.
Кумановецот продавал на зелениот пазар во Куманово, но веќе еден месец не работел затоа што имал проблеми со срцето и висок притисок, па се лекувал.
Ова е втор случај на починат од коронавирус во Куманово. Првата жртва беше 57-годишна жена, кај која исто така тестот беше негативен, а дури откако почина беше откриена дека е позитивна.
Во Куманово денеска беа заразени 23 граѓани, со што бројот на заболени се зголеми двојно и изнесува 47 исто колку и Дебар, веднаш по Скопје.