Кумановкa најдобра на светска олимпијада во Азербејџан
13.04.2014 09:05
| KumanovoNews
Зорана Андоновиќ од Куманово, ученичка во средното училиште “Јахја Кемал“ во Скопје месецов освои златен медал на светската олимпијада за млади научници во Баку, Азербејџан.
Олимпијадата се вика ИНЕПО, а проектот беше електрохемија и темата беше производство на нов електрокатализатор за добивање на енергија од вода. Имам златен медaл, прво место во мојата категорија енергија и сум презадоволна од презентацијата на проектот и на државата бидејќи имаше два штанда од кои еден за земјата и еден за презентацијата. Натпреварот беше за проекти на млади научници и имаше учесници од над 50 земји - вели Андоновиќ.
На олимпијадата имаше средношколци од сите азиски држави, Велика Британија, земји од Балканот, Америка и други.

