Кумановка најубава девојка на Медитеранот
08.12.2019 12:49
| KumanovoNews
Девојка од Куманово е прогласена за најубава девојка на Медитеранот на интернационален избор за убавина во Анталија, Турција.

Ангела Спасовска (21) од Куманово ја освоји титулата кралица на Медитеранот(Queen of Mediterranean 2019), како најубава од девојките од медитеранските држави.
На изборот во Турција, учествувале 40 девојки од Евроазија, меѓу кои и претставничката на Русија.
Ангела е манекенка во модното студио Црнокрак.