Кумановка ограбена во Банско
11.02.2020 19:07
| KumanovoNews
Кумановка, вчера била нападната и ограбена во струмичкото село Банско.

Б.Т.(66) од Куманово пријавила дека во 19.20 часот во близина на хотел „Цар Самоил“ во село Банско, струмичко, две лица со употреба на сила ѝ ја одзеле чантата во која имала мобилен телефон, пари и лични документи.
По преземени мерки од СВР Струмица лицата се пронајдени, дел од одземените предмети ѝ се вратени, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.