Кумановка повредена во сообраќајка кај Зајас
11.01.2020 13:26
| KumanovoNews
Постара жена е повредена во сообраќајна незгода на магистралниот Гостивар-Кичево во непосредна близина за влезот во селото Зајас.

Сообраќајката се случила вчера во 12.20 часот, кога патничко моторно возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р(50) од Белград излетало од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Кичево, се здобила сопатничката од возилото С.Д (70) од Куманово.