Кумановка позитивна на коронавирус се породила на скопска гинекологија
17.04.2020 06:35
| KumanovoNews
Пациентка од Куманово за која резултатот од тестирање покажал дека е позитивна на коронавирус, пред три дена се породила на Киниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во Скопје, соопштија од Клиниката.

Пациентката и за време на приемот и за време на престојот била без симптоми на болеста, но со оглед на тоа што доаѓала од кумановскиот регион била примена и породена во делот за изолација. И мајката и детето се во добра здравствена состојба, испишани се од болницата и веќе се дома. Земен е брис и од бебето и се чекаат резултати.