Кумановка пријавила обид за измама од 5000 евра
17.06.2021 13:58
| KumanovoNews
Во СВР Куманово, вчера во 19 часот, 45-годишна жена од Куманово пријавила дека едно лице се обидело да ја измами за сума од 5.000 евра.

Според пријавеното, околу 13.45 часот и се јавило лицето, кое лажно се претставило велејќи и дека има анонимна пријава против нејзината фирма, но дека може да и помогне доколку плати 5.000 евра за услугата. Таа се посомневала дека е предмет на можна измама и не ја прифатиле понудата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.