Кумановка уапсена на Табановце, се наоѓала на „стоп листа“
17.12.2019 11:12
| KumanovoNews
Жена од Куманово, вчера била уапсена на граница додека се обидувала да излезе од државата.
Од МВР соопштуваат дека на граничен премин „Табановце“, полициски службеници вчера во 7.10 часот ја лишиле од слобода М.Ф.(40) од Куманово, бидејќи се наоѓала на „стоп листа“.
Таа била предадена во СВР Куманово за понатамошна постапка.